Поликлиника Медика Плус е приватна здравствена установа основана во 2001 година со единствена цел – нудење на здравствена заштита по највисоки етички и професионални стандарди, услуга која е по желба и барање на корисниците. Големото искуство и воочените недостатоци во јавното здравство беа поттик да на сите оние кои имаат потреба од соодветна медицинска грижа ја добијат брзо, едноставно и со највисок квалитет.
Денес, поликлиника Медика Плус е име кое гарантира стручност, професионалност, квалитетна услуга по цена прифатлива за сите.