За се подобро здравје!
КОНТАКТ ТЕЛЕФОН: 02-2466-420
Toggle navigation
Почетна
За нас
Мисија
Визија
Услови
Опрема
Центар за сообраќајна медицина
Специјалистички ординации
Медицина на труд
Интерна медицина
Офтамологија
Оториноларингологија
Неврологија
Психијатрија
Психологија
Гинекологија
Биохемиска лабараторија
Персонал
Новости
Фотогалерија
Контакт
Општа медицина и домашна посета
Систематски прегледи
Центар за сообраќајна медицина
Систематски прегледи
Со лекарските прегледи можат навреме да се откријат болести уште во ран стадиум, што овозможува и нивно успешно лекување. Вашата доверба и препуштање на вашето здравје во рацете на нашиот стручен кадар е многу важно за нас. Превентивата и раната дијагностика се најважни за да го одржиме здравјето во одлична кондиција.
Систематскиот преглед не е само формалност. Во Поликлиника Медика Плус добивате врвна превентивна медицина за оптимална проверка на вашата здравствена состојба. Со комплетни систематски и менаџерски прегледи можат навреме да се откријат и успешно да се лекуваат многу болести.
Систематските прегледи се задолжителни за вработени во сите дејности на јавниот и приватниот сектор. Работодавецот е должен на работникот да му овозможи лекарски преглед со кој се утврдува работоспособност според работната позиција. Прегледите се прават на секои 6, 12, 18 или 24 месеци.
Во Поликлиника Медика Плус можете да добиете претходни, периодични, насочени и систематски прегледи кои можат да содржат основен пакет или проширен пакет на прегледи во зависност од вашите потреби и работно место.
Исто така во нашата поликлиника на едно место можете да добиете и лекарски уверенија за:
Вработување
Деловна способност
Државјанство
Вонредно студирање
Посвојување на дете
Виза, работа, студии и друг престој во странство
Работа на брод
Суд и други намени
Обука и потврда за оспособеност за давање на прва помош на работно место